Русија ги информирала ОН дека ги намалила расходите за одбрана
Руската Влада ги информирала ОН за воените расходи во висина од два милиони рубљи (една рубља = 0.02 долари), пишува весникот „РБК“.
Весникот наведува дека тоа се само 42 проценти од сумата, што е предмет на декларирање според стандардите на ОН.
Москва наведе за расходи, намалени за 29 отсто во однос на минатата година.
Заедно со податоците од федералниот буџет, ова известување што Русија го обелодени за Управата за разоружување на ОН (УНОДА), е меѓу алтернативните извори на информации за средствата потрошени за одбрана на земјата.
Минатата година Русија соопшти дека во 2015 година нијзините воени расходи достигнале до 2,9 триони рубљи, што во заедничка линија се совпаѓа со податоците од буџетот.
Овој пат, сепак, проценката испратена во ОН не се совпаѓа со трошоците за одбрана на буџетот, а разликата е 83 отсто - 1,7 трилиони рубљи.
Експертот за воена економија Василиј Зацепин пресмета дека според стандардите на ОН вкупните воени расходи од буџетот на Русија во 2016 година достигнале 4,93 трилиони рубљи, или 5,7 отсто од БДП на федерацијата, пренесува БТА.
Тука спаѓаат и индиректните воени расходи, како трошоците за медицинска нега и комуналните услуги за воени организации.
Според тоа, податоците што ги претстави Русија во УНОДА, изгледа содржат двојно пониска вредност, од оние кои треба да се претстават според стандардите на ОН.
Запознаен извор ја објаснува разликата со присуството на доверлив дел во федералниот буџет на Русија.
Според податоците на невладиниот институт „Гајдар“ во 2016 година тајните расходи од буџетот достигнале „пост-советски максимум“ од 21,7 отсто.
- Тешко е да се прават категорични заклучоци за воениот расход на Русија - буџетот што е одделен за национална одбрана целосно е таен, наведе економистот Владимир Климаво од Институтот за општествени науки во Руската академија за народно стопанство и државна служба.
Сепак, стана јасно дека расходите за воениот персонал и воените структури дупло се зголемија - на 1,2 трилиони рубљи, а трошоците за набавки и изградба (владините нарачки за одбрана) се намали за четири пати.
Ново на Сител
-
ДКСК повикува на транспарентност и анализа при донесување на измените на Законот за јавни набавки
-
Бајден помилувал 39 лица за ненасилни кривични дела, а им ги намалил казните на 1.500
-
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот
-
Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица
-
Отстранети неколку диви депонии во Ѓорче Петров, Чаир и Бутел
-
Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер