Русија: Бомбардери близу Аljаска
Министерството за одбрана на Русија соопшти денеска дека авиони бомбардери Ту95МС, во придружба на борбените авиони Фланкер СУ-35С, извеле рутински лет над неутралните води на Тихиот Океан и Алеутските острови над Алјаска, која припаѓа на САД.
- Ту95МС бомбардерите, со голем дострел, во придружба на повеќенамеските СУ-35С борбени авиони изведоа на 4 мај 2017 година рутински летови над неутралните води на Тихиот Океан и Алеутските острови, се наведува во соопштението на Министерството.
Под одобрен план, пилотите на долголиниските авиони изведуваат регуларни летови над неутралните води на Атлантскиот Океан, Арктик, Црното Море од база и од терен.
- Сите летови се изведуваат со строго почитување на меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутралните води, без загрозување на границие на другите држави, се наведува во соопштението.
Министерството исто така, нагласи дека портпаролот на Одбраната на северноамериканската Аерокоманда (НОРАД) Ашли Пек, изјавил дека летот на руските бомбардери и борбени авиони е изведен професионално и безбедно.
Ново на Сител
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст
-
Донесени измените на Законот за средно образование
-
Зоолошка: Ламата која угина имаше туберкулоза, за оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина
-
По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее!
-
Таравари: Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност