Русија бара да биде прекинат надворешниот притисок врз Македонија
Русија повикува да биде прекинат надворешниот притисок врз Македонија и да им се овозможи на одговорните политички сили во републиката сами да го определат натамошниот развојот на земјата, посочи руското МНР, пренесува ТАСС.
Од Министерството велат дека на 27 април опозицијата во Македонија, заобиколувајќи ја вообичаената постапка, избрала претседател на парламентот - Албанец по националност. Во знак на протест, активистите од движењето „За обединета Македонија" упаднаа во зградата на парламентот во Скопје и предизвикаа немири.
„Во сегашнава ситуација може да биде најдено соодветно решение само преку внатрешно-македонски дијалог во рамките на уставно-правната област“, изјавија од руското МНР.
„Неопходно е да биде прекинат секаков надворешен притисок и да им се овозможи на одговорните политички сили на Република Македонија сами да го одредат идниот развој на земјата", се истакнува уште еднаш во реакцијата.
Ново на Сител
-
Ќе се испитуваат крв и урина од возачот на камионот
-
Снег во Словенија
-
Претреси во Кичево, пронајдена дрога
-
Мицкоски: Имам чувство дека состојбата во Украина ќе ја зголеми цената на струјата на берзите
-
Лекарот обвинет за смртта на Метју Пери, се изјасни за виновен
-
Утре и викендов повремен дожд, во сабота пообилни врнежи и силен ветер
-
Мицкоски: На ДУИ им посакувам опозициски денови во коишто ќе се реформираат
-
Двајца лекари и еден техничар загинаа во сообраќајката кај Прилеп