Румен Петков: Северна Македонија значи Пиринска Македонија
Северна Македонија значи Пиринска Македонија, а тоа не остава впечаток на бугарските институции, на Народното собрание. Северна Македонија е потенцијална територијална претензија кон нас. Ова е мислењето на лидерот на АБВ, Румен Петков, кое го искажал во емисија на „Здраво Бугарија”, пренесува сајтот „Бугарски вести“.
Петков смета дека е несериозно да се остават преговорите за името на државата само на Грција и Македонија, ако дојде до потпишување на договорот, по последните скандали по прашањето, бидејќи со тоа Бугарија се става во деликатна позиција, пренесува „Фактор“.
-Ние сме првата држава што ја призна Македонија (15 јануари 1992 година). Ова не значи дека треба да демонстрираме бескрајна форма, рекол политичарот, осврнувајќи се на отсуството на реакција од Бугарија за одлуката Македонија да се преименува како „Република Северна Македонија”.
Во дводневната посета на соседна Бугарија, претседателот Ѓорѓе Иванов не успеа да се сретне со бугарскиот премиер и министерката за надворешни работи, кои како што беше кажано, токму поради однесувањето на Иванов ја откажаа средбата со него.
Ново на Сител
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина