Ругани заразен со коронавирусот, Роналдо остана во Мадеира

Фудбалерот на Јувентус, Даниеле Ругани е позитивен на коронавирус, по што во таборот на италијанскиот шампион е прогласена вонредна состојба. Тимот е во изолација, а првата ѕвезда, Кристијано Роналдо не се врати од Мадеира, Португалија каде отиде во посета на својата мајка која имаше мозочен удар.
По веста за заразениот Ругани, најавено е тестирање на сите играчи на Јувентус, како и на тимот на Интер против кого „старата дама“ играше минатиот викенд без публика.
Останува да се види како ќе се одвиваат работите во Јувентус со оглед на тоа што напаѓачот Гонзало Игуаин тренираше индивидуално поради повреда на десниот бутен мускул, додека играчот од средниот ред Родриго Бентанкур воопшто не тренеираше исто така поради повреда.
Следниот тренинг на Јувентус е закажан за утрово, а веќе по пет дена тимот треба да игра со Лион во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Ново на Сител
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
-

Премиерот најави ново линеарно зголемување на пензиите
