Рударска несреќа во Тораница: Тешко повредени двајца тудари

Вчера околу 14.40 часот во Здравствен дом Крива Паланка за укажување на лекарска помош биле донесени лицата В.М.(41) од село Дурачка река и Н.С.(40) од Крива Паланка, рудари во рудникот Тораница, соопшти МВР.
В.М. по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување додека кај Н.С. биле констатирани телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување во Здравствен дом Крива Паланка.
Според пријавеното, лицата се здобиле со повреди при вршење на ископ во рудникот, каде се одронил материјал - руда.
Извршен е увид на местото на настанот од страна на полициски службеници, трудов инспектор, државен рударски инспектор и претставници од рудникот.
Во август година во овој рудник со кој управува бугарски „Минстрој“ еден рудар почина при одрон на камења во ископната јама на рудникот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
