Тенис
1. November 2020 - 20:04

Рубљев го освои турнирот во Виена

Андреј Рубљев го освои и петтиот турнир оваа сезона откако триумфираше во Австрија совладувајќи го Лоренцо Сонега во два сета со 6-4 и 6-4. 
Во првиот сет рускиот тенисер направи брејк во петтиот гем исто како и во вториот што на крајот му ја донесе значајната победа по триумфот во Хамбург, Аделаида, Доха и Санкт Петерсбург со што е поуспешен од Новак Ѓоковиќ кој има 4 трофеи во 2020г.