Рубљата изгуби 22 проценти од својата вредност од почетокот на годинава
Трошоците за живот во Русија се зголемуваат, покажуваат новите податоци.
Како што јави Би-Би-Си, растот на цените следува по руската инвазија на Украина.
Цената на некои основни производи за домаќинство, како на пример шеќерот, „скокна” за 14 отсто минатата недела.
Се проценува дека инфлацијата ќе продолжи да расте во Русија, каде рубљата изгуби 22 проценти од својата вредност од почетокот на годинава.
Во текот на вчерашниот ден, руското Министерство за економија соопшти дека годишната инфлација „скокнала” за 14,5 отсто во неделата заклучно со 18 март – што претставува највисоко ниво, од крајот на 2015 година.
Цената на шеќерот, што го користат често за зачувување храна или за правење алкохол, е зголемена најмногу. Потоа следува кромидот, со пораст од 13,7 отсто на национално ниво, а во некои области и до 40,4 проценти. Пелените пак, поскапеа за 4,4 отсто. Цените за црн чај се зголемија за четири, а тоалетната хартија за три проценти.
Медиумот потсетува дека голем дел бизниси се повлекоа од Русија поради војната. Други пак, како швајцарскиот гигант Нестле, ги повлече главните брендови како КитКат и Несквик.
Видеа на социјалните медиуми покажуваат како купувачи се обидуваат да купат шеќер и леќа во супермаркети во Москва.
Заменик премиерката Викторија Абрамченко им порача на жителите дека нема потреба од паника за да се купат овие работи.
– Има доволно за сите, истакна таа.
Ново на Сител
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети
-
Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани