-->
-->
Рубин Земов: „Тој не е Столе, тој е СтојанЧЕ. Голем на мускули, мал во умот“
-->

Посебниот советник за развој на мултикултурно општество во Кабинетот на премиерот, Рубин Земон, кој е претседател на сојузот на балкански Египќани го прогласи еден од најдобрите македонски ракометари Стојанче Стоилов за ментално нестабилен.
Земон кој бил присутен на настанот на Агенцијата за спорт и млади од која Стоилов си замина затоа што се зборувало на албански јазик тврди дека вчера немало никаков скандал и дека еден од добитниците на спортските награди прво зборувал на мајчин јазик, а потоа продолжил на македонски.
Според сегашниот советник на премиерот Земон, ракометната ѕвезда Стоилов морал да остане да му честита на годинешниот добитник на наградата "Спортист на годината", што ја освоил самиот лани.
„Секој си има право да си говори на својот јазик. Човекот ги поздрави луѓето на албански, а потоа го стори истото и на македонски.
Тоа е негово право и никој не смее тоа да му го оспори, а најмалку СтојанЧЕ, а уште повеќе од тоа да се направи инцидент.

Тој прво мораше да остане до крај како "спортист" на годината од лани и да му честита на овогодишниот спортист. Но изгледа човекот е ментално нестабилен.
Јас како поранешен ракометар го гледам и на терен, во одбрана е "дупка", најслабата алка, а тоа е баш одлика на ментално лабилни, неодговорни и егоцентрични играчи", анализира советникот за мултикултура во Кабинетот на премиерот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
