РСС ги додели првите половина милиони евра грантови за развој на туризмот на Балканот
Околу 550 илјади евра беа доделени денеска на 12 субјекти од земјите од Западен Балкан, меѓу кои и од Македонија, за развој на културолошкиот и авантуристичкиот туризам на Западен Балкан.
Грантовите ги додели Регионалниот совет за соработка (РСС) од Сараево, во рамки на Проектот за развој и промоција на туризмот, што е финансиран од Европската унија со пет милиони евра.
Станува збор за неповратни средства на најдобрите проекти понудени по јавниот повик, а од понудувачите се бараше унапредување на заедничката понуда за развој на културолошки или авантуристички туризам.
Седум од дванаесете први грантисти парите ги добиваат за промоција на нови регионални патишта за култура или производи од културолошкиот туризам, додека другите се за подобрување на авантуристичките рути, што веќе постојат на Балканот, како што е Via Dinarica, соопшти РСС
Институтот за стратегиски истражувања и образование од Скопје доби грант поврзан со развојот на мобилна апликација за стариот дел на Скопје на 10 јазици.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден