РСБСП: Одговорно однесување во сообраќајот за намалување на црната статистика

РСБСП апелира до учесниците во сообраќајот да бидат одговорни и да ги почитуваат правилата и прописите, а со тоа ќе дадат својот личен придонес за сообраќај без жртви. Според СЗО, годишно во светот, во сообраќајни незгоди, животот го губат околу 1,3 милиони луѓе, што претставува 2,2 проценти од глобалната смртност.
Сообраќајните незгоди претставуваат трета причина за смртност кај децата на возраст од 5 до 9 години, втора причина за смртност кај децата на возраст од 10 до 14 години и кај лицата на возраст од 20 до 24 години и прва причина за смртност кај децата на возраст од 15 до 19 години.
-За намалување на црната статистика, за помалку настрадани лица на патиштата, за повисока свест, за одговорни возачи, за сообраќај без жртви, важно е однесувањето на секој учесник во сообраќајот, велат од РСБСП.
Според РСБС, за безбеден сообраќај, за помалку жртви на патиштата, потребно е да ги промениме навиките и културата во сообраќајот, почнувајќи секој од себеси.
РСБСП го повикува секој учесник во сообраќајот да ја намали брзината, да не вози под дејство на алкохол, да користи безбедносен појас и заштитен шлем, да го остави мобилниот телефон додека вози, да не поминува улицата надвор од пешачкиот премин.
-Почитувај ги пешаците, велосипедистите и лицата со ограничени можности, апелираат од РСБСП.
Ново на Сител
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден
-

Трамп: Израел не ме убеди да го нападнам Иран, тоа беше моја одлука
-

Министерство за здравство: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
