РСБСП апелира за поголема безбедност на децата во сообраќајот
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) по повод почетокот на учебната година апелира секој учесник во сообраќајот да се однесува одговорно и внимателно, со цел да се заштитат децата од повреди и загуби.
Со почетокот на учебната година децата секојдневно ќе бидат учесници во сообраќајот и ќе бидат изложени на потенцијални ризици и опасности кои, како што е наведено во соопштението, би ја загрозиле нивната безбедност и здравје.
РСБСП апелира при управување со возило покрај училиште или градинка, возачите да бидат особено внимателни и да дадат максимален придонес за да се заштитат децата во сообраќајот.
Исто така, ги повикува родителите да бидат позитивен пример за своето дете во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а особено ограничувањето на брзината на движење со возилото.
На светско ниво речиси 500 деца секој ден го губат својот живот во сообраќајни незгоди. Во Македонија изминатата година девет деца на возраст до четири години го загубија животот во сообраќајни незгоди и 13 деца на возраст од 5 до 18 години.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива