Роза Луксембург: Јас бев, јас сум, јас ќе бидам!
Роза Луксембург беше една од најголемите револуционерки на 20 век
Бука - Сараево
Роза Луксембург (1871-1919) беше претставничка на демократскиот социјализам во Европа. Со сите сили настојувала да го спречи избивањето на Првата светска војна (1914-1918). Карл Либкнехт и Роза Луксембург биле најважни претставници на интернационалистичката и антимилитаристичката тенденција во предвоената Социјалдемократска партија на Германија (СПД).
Кога СПД одлучила да ја поддржи германската воена политика, Роза Луксембург и Карл Либкнехт биле исклучени од партијата. Ја поддржала Руската револуција во 1917 година, но бидејќи била револуционерна демократка, задржала одредена дистанца и остро ја критикувала диктаторската политика на болшевиците.
Роза Луксембург припаѓала на дискриминираното и често прогонувано малцинство. Била Еврејка и иако не била религиозна, не можела да ја избегне судбината на многу жртви на антисемитизмот. Живеела во период оптоварен со предрасуди кон се што правела.
Докторирала во време кога мал број на жени можеле да се стекнат со академско образование. Била една од ретките жени која активно учествувала во политичкиот живот. Предрасудите кон жените, а посебно кон тие со истакната јавна улога, биле распространети во целото општество, па и во левичарските партии. Иако добила германско државјанство, нејзините политички противници секогаш ја сметале за странец, Полјачка и Еврејка.
Активноста на Роза Луксембург е поврзана со развојот на меѓународното работничко движење, како и со борбите меѓу различните тенденции во тој проект и неговиот распад. По исклучувањето од СПД, учествувала во основање на Спартакистичката лига, марксистичка револуционерна група од која подоцна била основана Комунистичката партија на Германиј (КПД) во 1919 година.
Активно учествувала во неуспешната револуција во Германија 1918-1919 година. Востанието го задушиле остатоците од монархистичката армија и десничарската протофашистичка паравоена формација Фрајкорпс, која ја пратила Владата. Во јануари 1919 година, Роза Луксембург, Карл Либкнехт и илјадници други биле уапсени, мачени и брутално убиени. Според неа е наречен луксембургизмот, посебна револуционерна теорија на марксизмот и комунизмот.
Роза Луксембург одлучно се борела против војната и диктатурата, секогаш инсистирајќи на врска меѓу политичката слобода и социјалната еднаквост. Многу современи политички движења, од целиот свет, својата сила ја црпат од нејзините ставови и активизмот.
Централната особина на нејзините мисли била дијалектика на спонтаноста и организацијата, каде спонтаноста може да се смета за сроден или дури анархистички пристап, а организацијата за бирократски или партиско-институционален пристап на класната борба. Според оваа дијалектика, спонтаноста и организацијата не се две одделни или дури различни нешта, туку само различни моменти на ист процес, така што еден не може да постои без друг. Овие теории произлегуваат од основната и спонтана класна борба, а преку овие согледувања, класната борба се развива во повисоко ниво.
- Работничката класа во секоја земја учи да се бори во текот на самите свои борби... Социјалната демократија е само напредна стража на пролетеријатот, мал дел од вкупните работнички маси; крв на нивната крв и месо на нивното месо. Социјалната демократија бара и изнаоѓа начини и пароли, работничката борба само во текот на развојот на оваа борба и добива насоки за напредување преку самата оваа борба, тврдеше таа.
Организацијата секогаш посредува со спонтаност, токму како што со организацијата мора да посредува спонтаноста. Ништо не би било по погрешно од тоа да се тврди дека Роза Луксембург се залагала за апстрактен спонтанизам.
Таа развивала дијалектика на спонтаност и организација под влијание на бранот на масовни штрајкови ширум Европа, а посебно во текот на Руската револуција во 1905 година. За разлика од социјалдемократската ортодоксност на Втората Интернационала, таа не ја сметала организацијата за производ на научно-теоретскиот увид во историскиот императив, туку производ на борбата на работничката класа.
- Социјалната демократија е едноставно отелотворување на класната борба на модерниот пролетеријат, борба која е раководена од свеста на сопствените историски последици. Масите во реалноста се сопствени лидери, дијалектички создавајќи го сопствениот процес на развојот, сметаше Луксембург.
Според неа, социјалната демократија „дури и расте, станува посилна, просветлената работничка маса ќе ја преземе својата судбина, лидерство над своето движење и одлучноста на правецот на сопствената рака“.
И целокупното движење на социјалната демократија е само свесен напредок за заштита на движењето на класата на пролетеријатот, што во зборовите на Комунистичкиот манифест претставува секој поединечен момент на борбата на постојаните интереси за ослободување и парцијални групни интереси на работничката сила против интересите на движењето како целина, така да внатре во социјалната демократија нејзините лидери кои биле помоќни, по влијателни, по јасни и по свесни, самите биле глас на волјата и стремежот на просветлените маси, обични агенти на објективни закони на класниот поредок, тврдеше таа.
Последните познати зборови на Роза Луксембург, напишани во ноќта кога била убиена, биле за нејзината верба и масите и во неизбежноста на револуцијата.
- Лидерството не успеа. Па сепак, лидерството може и мора повторно да биде креирано од масите и од масите. Масите се одлучувачки елемент, тие се камен на кој ќе биде изградена победата на револуцијата. Масите беа на висина; тие се развиваа во овој пораз во еден од историските порази кои се гордост и сила на интернационалниот социјализам. И тоа е причина зошто идната победа ќе процвета од овој пораз. Ред владее во Берлин! Вие глупави лакеји! Вашиот ред е изграден на песок. Уште утре револуцијата ќе се крене и ќе објави со фанфари, на вашиот терор: Јас бев, јас сум, јас ќе бидам!, напиша Луксембург.
Ново на Сител
-
Почина владиката Тимотеј
-
Салах разочаран од Ливерпул
-
Опожарен деловен простор на Адвокатската комора
-
Аморим: Манчестер jунајтед уште долго ќе страда
-
Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано
-
Европскиот совет даде „зелено светло“ на буџет на ЕУ за 2025 година
-
Обвинителството бара максимални затворски казни за Урош Блажиќ за масакрот во Мало Орашје и Дубона
-
Кешишев за сменетата изјава: Палчо ми кажуваше што да напишам, ја напишав бидејќи се плашев