Рот: Да ги исполниме обврските кон Скопје и Тирана, напредокот на цела ЕУ да не се блокира поради билатерални прашања
Германскиот министер за Европа Михаил Рот денеска за време на одржувањето на Советот за општи работи на ЕУ, објави на Твитер дека Европската Унија без одложување треба да ги исполни обврските кон Македонија и Албанија.
– Ве молам. Билатералните прашања да се решаваат билатерално, без блокирање на напредокот на целата Европска Унија. Да размислиме стратегиски и да разбереме: треба да ги исполниме нашите обврски кон Албанија и Македонија СЕГА, плус немаме интерес да оставаме стратегиски вакуум таму. Благодарам, твитна Рот.
Претходно, пред одржувањето на министерскиот Совет, Рот ја повтори германската позиција дека билатералните прашања не смеат да го попречуваат процесот на проширување.
Како што претходно јави дописничката на МИА од Брисел, министрите за европски работи на ЕУ дебатираа за усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија и Албанија, а според дипломатски извори од ЕУ, Бугарија одбила да попушти.
Дебатата за проширувањето претпладнево на министерскиот состанок во Луксембург била прилично интензивна, пренесуваат дипломатите, посебно во однос на Македонија и бугарската блокада. Според присутните, најнастојчива била Германија, која покажала силна заложба за почетокот на преговорите со земјава. На Софија и било предочено повторно дека во прашање е кредибилитетот на целата ЕУ и критиките на земјите членки кон позицијата на Бугарија биле „многубројни“, велат дипломатите во ЕУ.
Ново на Сител
-
Со таблички во боја ќе се спречува злоупотребата на службени возила
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Потребни итни реформи во судството, состојбата е алармантна
-
Мицкоски на средби со ЕУ челниците во Брисел - Ќе пренесел порака за фрустрацијата на македонскиот народ
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Стотина прехранбени производи еден месец ќе имаат ограничена бруто профитна маржа до 10%
-
Мицкоски: Задолжувањето не е кинеско, ако ви пречи Кина зошто потпишавте договор со нив?