Рот: Бугарската блокада е „сериозна политичка грешка“
Пред почетокот на денешниот министерски состанок во Брисел, на кој требаше да се даде зелено светло за преговарачката рамка со Македонија, претседавачот Михаил Рот порача дека бугарската блокада е „сериозна политичка грешка“.
-За жал не успеавме да постигнеме напредок за прашање кое е веќе договорено, а сето тоа поради билатерални барања на една земја членка, изјави германскиот министер за европски работи, Михаил Рот, коментирајќи го бугарското вето за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија.
Поради бугарската блокада за Скопје во заложништво се наоѓа и Албанија за која голем број земји членки сметаат дека не може да биде усвоена преговарачката рамка, и поради неостварени реформи, и поради фактот што Македонија е понапредна.
Рот потврди дека германското претседателство прави сѐ за да ја надмине блокадата.
-Сѐ друго би било сериозна политичка грешка на сметка на стабилноста и безбедноста на западниот Балкан, што на крајот би ја загрозило и безбедноста на цела Европа, изјави Рот.
Ново на Сител
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени