Ромео: Македонија ќе добие покана за членство во НАТО
Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на претстојниот Самит во Брисел, а процесот на зачленување ќе заврши во предвидениот рок, рече денеска италијанскиот амбасадор Карло Ромео на средбата со министерот за дијаспора Едмонд Адеми.
Како што соопшти Кабинетот на Адеми, Ромео изрази интерес за актуелните активности на Владата во процесите на НАТО и евро-интеграциите, истакнувајќи ја целосната поддршка од италијанска страна.
Адеми за време на разговорот опширно го информираше Ромео за Националната стратегија и основните столбови за соработка со дијаспората. Со оглед на бројната македонска дијаспора во Италија, заедничка беше констатацијата дека таа е добра можност за изградба на мостови за соработка од повеќе области, пред се, во економијата, културата, образованието и инвестициите.
Министерот Адеми најави дека во септември годинава ќе ја посети Италија и побара средби со соодветни институции во италијанската Влада и Министерството за надворешни работи.
На средбата стана збор и за повеќе актуелни состојби во регионот и пошироко во светот.
Ново на Сител
-
ОН: Туризмот во светот се врати на нивото од пред пандемијата со Ковид-19
-
Македонската репрезентација со еден гол негатива на полувремето против Австрија
-
Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен
-
Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
-
Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар
-
ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!