Романскиот премиер од денеска е и министер за здравство, откако ресорниот министер поднесе оставка
Романскиот премиер Дачијан Чолош се договори со претседателот Клаус Јоханис привремено да ја преземе и функцијата министер за здравство, откако претходно денеска ресорниот министер поднесе оставка, пренесоа романските медиуми.
„Премиерот ќе го преземе и Министерството за здравство за дирекно да ги координира и да обезбеди контиунитет во неопходните мерки во здравствениот сектор“, се наведува во соопштението на владината прес служба.
Министерот за здравство Патричиу Акимаш-Кадариу денеска поднесе оставка на функцијата по скандалот со дезинфекциските средства што биле користени во болниците.
На почетокот на овој месец романското обвинителство соопшти дека отворило истрага за дезинфекцијата на болниците со неквалитетни препарати. Компанијата „Хекси фарма“ е обвинета дека ги одобрила дезинфекциските средства, што им биле доставени на болниците. Квалитетот на дезинфекциските средства е од клучно значење за превенцијата и контролата на болничките инфекции.
Ново на Сител
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО