Романски парадокси: Глувонем казнет од полицијата заради скандирање антивладини пароли
Меѓу демонстрантите против владејачката партија и нејзиниот вонреден конгрес на 10 март, има и глувонем жител на Букурешт за кого претставник на полицијата навел во извештај дека скандирал против СДП, објави невладината органзиација Корупцијата убива. Казната за глувонемиот човек е 2.000 леи (419 евра).
Починат Романец доби пресуда против сообраќајната полиција откако судии решија дека тој има право да управува автомобил и покрај тоа што им бил доставена посмртница за човекот, објави весникот Адеверул.
Суд во североисточниот град Јаш се произнел во корист на починат маж во рамки на судски процес за поништување санкција со која била одземена неговата возачка дозвола. И покрај тоа што на судиите им била доставена посмртница за човекот, судиите одлучиле дека мажот може да ја добие назад својата возачка дозвола како и пари за исплата за претходно платена казна од него.
Минатата недела Романец не успеа да убеди суд во градот Васлуј дека е жив. Констатин Релиу (63) заминал на работа во Турција во 1992 година и загубил контакти со семејството во Романија. Сопругата успеала да добие за него посмртница во 2016 година. Турските власти го депортирале откако му поминал рокот на документите за престој. Кога се вратил во Романија, од судот побарал да го признае дека е жив, но според судиите перидоот за обжалување поминал и Константин Релиу не може ништо да направи, наведува весникот, пренесе БТА.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ќе бараме кривично правна одговорност за насилничкото однесување на опозицијата
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра