-->
-->
Романската Влада воведува затворски казни за непочитување на мерките за борба против коронавирусот
-->
Романската Влада воведе нови, ригорозни мерки во борба со коронавирусот.
Владата на Романија одлучи да ги казни сите кои не ги почитуваат мерките со затворска казна од три години затвор. Доколку тој што не ги почитува мерките и со своето однесување зарази некого, добива затворска казна од пет години.
За оние кои ги прекршиле мерките на владата, а со нивното однесување предизвикале смрт на друга личност добиваат затворска казна од 15 години.
-Не можеме да го прифатиме тоа што неодговорните луѓе се шетаат и заразуваат други, изјави премиерот Лудовик Орбан.
Владата на Романија ја повика својата дијаспора, која брои околу четири милиони луѓе, да не се враќа во земјата.
Романија во моментов има 230 заразени, а околу 3.800 се наоѓаат во карантин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива