Романската премиерка најави дислоцирање на Амбасадата од Тел Авив во Ерусалим

Романската Влада иницираше процес за процена на можноста за преместување на Романската амбасада во Ерусалим, за тоа ми е задоволство да најавам пред публиката на АИПАК дека по финализирањето на оваа анализа, со сите уставни актери инволвирани во процесот на одлучување и во целосен консензус, јас како премиерка на Романија и Владата која ја водам ќе ја преместиме нашата Амбасада во Ерусалим, престолнината на Израел, изјави Данчила вчера во Вашингтон, каде говореше на конференција на АИПАК, најголемата произраелска лоби група во САД.
Најавата на Данчила наиде на силна критика од страна на романскиот претседател, Клаус Јоанис, кој додаде дека одлуката му припаѓа нему и дека претседателката покажува „игнорантност во однос на надворешната политика“. Јоанис тврди дека никогаш не бил информиран за таквата одлука, и дека консензусот за кој говори Данчила во изјавата не постои.
Откако американската администрација минатата година под водство на Доналд Трамп одлучи да ја дислоцира Амбасада на САД во Ерусалим, голем број држави во светот, и посебно во ЕУ, се изјаснија против таков чекор. Ерусалим има нерешен статус сѐ додека не се реши израелско-палестинското прашање.
Европската Унија го смета источен Ерусалим како палестинска територија под окупација на Израел. За сега ниту една земја членка на ЕУ не прифатила да ја премести својата амбасада во Ерусалим, и покрај тоа што некои од нив го поддржаа Трамп во својата одлука, како Унгарија, Чешка и Австрија. Доколку Романија навистина се одлучи на таков чекор, тоа несомнено ќе предизвика тензии помеѓу земјите членки, дотолку повеќе што Романија моментално претседава со ЕУ.
Ново на Сител
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
-

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер во источна Македонија
-

Облачно и ветровито
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
