Балкан
27. February 2017 - 9:18

Романија потврди дека лицата во кои вчера влета автомобил се Романци

Романското Министерство за надворешни работи потврди дека петте лица во кои вчера влета возач со неговиот автомобил во реонот Балингам во југоисточниот дел на Лондон се Романци, јавија локалните медиуми. 

Мажот беше уапсен по инцидентот по обвинение за опасно возење и возење под дејство на алкохол. 

Министерството за надворешни работи на Романија соошти дека еден од Романците е во критична состојба.  Уште три лица од повредените се во болница.