Loading Video...
Фудбал
11. April 2018 - 17:40

Рома и Ливерпул полуфиналисти во Лигата на шампиони

 
Рома и Ливерпул се првите полуфиналисти во фудбалската Лига на шампиони. 
 
Ова е епилогот по одиграните реванш дуели од четвртфиналето во кои Ливерпул и по втор пат беше подобар од Манчестер Сити кого синоќа го совлада на гостински терен со 2-1, а на првата средба на „Енфилд“ беше 3-0. 
 
Рома направи големо изненадување со елиминацијата на Барселона, која на „Олимпико“ допатува со три гола предност откако на првиот меч славеше со 4-1. 
 
Сепак фудбалерите италијанскиот тим кои на „Камп Ноу“ си постигнаа два автогола, синоќа успееја да ја анулираат негативата па со победата од 3-0 и благодарение на едниот гол постигнат на „Камп Ноу“ се пласираа во полуфиналето. 
 
Кој ќе им се приклучи во полуфиналето ќе дознаеме вечерва по реванш дуелите во Минхен каде Баерн со предност од 2-1 ја пречекува Севиља, односно во Мадрид, каде Реал има „големи“ 3-0 од првиот меч против Јувентус.