Живот
26. February 2018 - 14:48

„Ролинг Стоунс“ летово на турнеја низ Европа

Пионерите на рок-ен-ролот, „Ролинг Стоунс“ ги објавија датумите на мини-турнејата што ја планираат за годинава низ Европа, односно главно во Велика Британија.

Во манири на вистинска рок ѕвезда, која веќе 55 години е на естрадата, Кит Ричардс истакна дека за нив „нема застанување“.

- Вистинско задоволство е да се свири со овој бенд. Нема запирање, допрва почнуваме!, изјави тој.

Датумите на настапите, се следни:

17 мај - Кроук Парк, Даблин,
22 мај - Лондонскиот Стадион,
5 јуни - Стадионот Олд Трафорд, Манчестер,
9 јуни - БТ Мјурифилд Стадиум, Единбург,
15 јуни - Принсипалити Стадиум, Кардиф,
19 јуни - Твикенхемскиот стадион во градот Твикенхем,
22 јуни - Олимпија стадион, Берлин,
26 јуни - Оринџ Велодром, Марсеј,
30 јуни - Мерцедес-Бенц Арена, Штудгарт,
4 јули - Летнани Ерпорт, Прага,
8 јули - ПГЕ Народови Стадиум, Варшава.