„Ролинг Стоунс“ летово на турнеја низ Европа
Пионерите на рок-ен-ролот, „Ролинг Стоунс“ ги објавија датумите на мини-турнејата што ја планираат за годинава низ Европа, односно главно во Велика Британија.
Во манири на вистинска рок ѕвезда, која веќе 55 години е на естрадата, Кит Ричардс истакна дека за нив „нема застанување“.
- Вистинско задоволство е да се свири со овој бенд. Нема запирање, допрва почнуваме!, изјави тој.
Датумите на настапите, се следни:
17 мај - Кроук Парк, Даблин,
22 мај - Лондонскиот Стадион,
5 јуни - Стадионот Олд Трафорд, Манчестер,
9 јуни - БТ Мјурифилд Стадиум, Единбург,
15 јуни - Принсипалити Стадиум, Кардиф,
19 јуни - Твикенхемскиот стадион во градот Твикенхем,
22 јуни - Олимпија стадион, Берлин,
26 јуни - Оринџ Велодром, Марсеј,
30 јуни - Мерцедес-Бенц Арена, Штудгарт,
4 јули - Летнани Ерпорт, Прага,
8 јули - ПГЕ Народови Стадиум, Варшава.
Ново на Сител
-
30 години Сител со Драган Павловиќ Латас
-
30 години Сител со Ивона Талевска - Боја на парите
-
Мицкоски бара нонпејперот на ЕУ да важи за целиот процес на преговори
-
Не сакаме српско сценарио со Универзална сала
-
Има перфектни но и слаби директори на ЈЗУ
-
Новогодишната кошница порасна на над илјада производи, пазарните инспектори прават контроли
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР поднесе кривична против Ковачевски, Груби и Бајрами за Лотарија