-->
-->
Ролан Гарос продолжува без Надал
-->
Деветкратниот шампион на Ролан Гарос Шпанецот Рафаел Надал се повлече од годинашниов Ролан Гарос поради повреда на зглобот на левата рака. На вонредна прес конференција Надал го потврди повлекувањето поради повредата која го мачи подолг временски период.
- Вчера примив инјекција против болки и така настапував. Знам дека нема да можам да го завршам турнирот во оваа состојба. Постоеше опасност да добијам прелом ако продолжам да играм. Операција не е потребна и се надевам дека ќе бидам подготвен за Вимблдон, изјави Надал.
Шпанецот кој беше четѕврти носител на турнирот во првите две кола на убедлив начин стигна до победите на Сем Грот и Факунд Бањис, но го предаде мечот на сонародникот Марсел Гранољерс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството
-
Сител сторија: Пред 15 години се бореше за живот, денес е здрава и среќна тинејџерка