Македонија
7. October 2015 - 19:21

Рокот пробиен - Преговорите за изборната регулатива продолжија

Нов обид на преговарачките групи да се постигне договор за Изборниот законик. По вчерашниот неуспех и пробивањето на рокот, преговорите се на стартните позиции.

Клучен проблем во преговорите е обидот на СДСМ да и забрани на македонската дијаспора да добие право на глас во македонското Собрание. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека прават максимални напори, иселениците да може да влијаат на политичките случувања во Македонија.  Уште еден камен на сопнување е начинот на прочистувањето на избирачкиот список.

Пратеничките групи се чини дека се блиску до договор за составот на изборната комисија како и за изборниот модел. Се очекува ДИК да има 9 члена, по двајца од двете најголеми политички партии во македонскиот блок, по еден од албанскиот и тројца независни експерти избрани со консензус во Собранието. Проблеми во преговорите не се очекуваат ниту околу изборниот модел, со оглед на тоа што кај сите преговарачки групи постои расположени да се задржи постојниот, со 6 изборни единици на територијата на Македонија.
Преговорите се очекува да траат до доцна во ноќта, по што новиот предлог закон треба да му биде доставен на Собранието