Рокас: Во тек се многу дипломатски активности за евроинтегративниот процес на Северна Македонија
Процесот на проширување е врвен приоритет на Европската Унија. Правиме напори да заврши процесот на реформи во Северна Македонија и што побргу да се постигне целта, земјата да стане членка на ЕУ, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Михалис Рокас, одговорајќи на новинарско прашање, за време на неговата посета на Тетово.
Тој посочи дека во моментот во тек се повеќе дипломатски активности во врска со ова прашање, потенцирајќи дека новото раководство на ЕУ прави многу напори за Северна Македонија да стане дел од европското семејство.
-Во моментот во тек се многу дипломатски активности во врска со ова прашање. Премиерот на Северна Македонија беше во посета на Брисел каде што се сретна со новото раководство на ЕУ, а следната недела, на 18 декември, ќе има уште една можност да го посети Брисел, во рамките на Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан. Јас мислам дека од страна на новото раководство на ЕУ е јасно кажано дека процесот на проширување е врвен приоритет, вклучително и со Северна Македонија. И Делегацијата на ЕУ прави огромни напори да заврши процесот на реформи за Северна Македонија и таа да стане членка на ЕУ. Каква било друга дополнителна поддршка или дипломатски активности се повеќе од добредојдени, рече Рокас.
Ново на Сител
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа
-
Црвен крст на Град Скопје со хуманитарни настани на Детската клиника
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?