Рохани во убедливо водство на претседателските избори во Иран
Актуелниот ирански претседател Хасан Рохани е во убедливо водство на вчерашните претседателски избори во Иран, покажуваат официјалните резултати по преброени околу две третини од гласачките ливчиња.
Како што соопшти утринаво иранскиот заменик министер за внатрешни работи Али Астар Ахмади, според досега преброените гласачки ливчиња, умерениот конзервативец Рохани освоил околу 56 проценти од гласовите, додека на второ место е конзервативниот исламист Ебрахим Раиси со околу 39 отсто освоени гласови.
Според податоците на Централната изборна комисија, на вчерашните избори своето гласчко право го искористиле 56,,41 отсто од околу 40-те милиони регистирнаи избирачи.
Уште пред објавувањето на овие резултати претставник на конзервативните исламисти ја призна победата на Рохани, нагласувајќи дека резиборот на актуелниот претседател е „практично сигурен“.
Ново на Сител
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана
-
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко не се појави на суд
-
Судскиот Совет ги спроведува препораките на оценската мисија на ЕУ
-
Учениците возбудени за пролетниот распуст