Рохани: Иран ќе преговара со САД доколку ги укинат санкциите

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Техеран ги поддржува преговорите со Вашингтон, но пред тоа прво треба САД да ги укинат санкциите што и ги наметнаа на Исламската Република.
-Исламска Република Иран ги поддржува преговорите и, доколку САД навистина сакаат да зборуваат, пред се друго тие треба да ги повлечат сите санкции, изјави Рохани на иранската телевизија.
Тензиите меѓу САД и Иран се засилија откако минатата година САД се повлекоа од нуклеарниот договор од 2015 година, што за цел имаше да ги ограничи иранските нуклеарни активности.
Пред извесно време Иран призна дека ги прекршува ограничувањата за производството на збогатен ураниум, што се користи за добивање на гориво за реактори, но, исто така, потенцијално се користи и за нуклеарни бомби.
Ново на Сител
-

Силекс и Шкендија во борба за Купот на Македонија на арената „Тодор Проески“
-

Сиљановска-Давкова: Македонија не бега од вето, но тоа да биде поврзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетските прашања
-

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар за недоличната прослава на титулата
-

Два големи шумски пожари горат во јужна Калифорнија
-

Илон Маск ја загуби тужбата против „ОпенАИ“ и извршниот директор Сем Алтман
-

Македонец шверцувал 850 грама златна плочка во кондура на Богородица | ФОТО
-

Ешбурн, град што го поврзува светот
-

Николоски на „Фејсбук“: Одлична вест за македонските транспортери
