„Роднокрајни поетски средби“

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во соработка со интернационалното движење „100 Илјади поети за промена“ вечер на „Сцена 112“ ги организира 7. „Роднокрајни поетски средби“.
Целта на манифестацијата е да се зближат роднокрајните автори и да се креира јадро за нивно запознавање, презентација и промоција, но истовремено и да и се понудат на публиката автори од Македонија и од странство кои досега не настапувале во Струмица.
На годинашните Роднокрајни средби ќе настапат десет поети, а специјални гости се Мохамад Фарахат и Мохамад Магди Абд Рабо од Каиро, Египет. Тие ќе се претстават и во Скопје, Гевгелија и Радовиш.
Мохамад Фарахат е роден 1988 година. Пишува поезија и кратки раскази, избран е за еден од најдобрите 100 арапски автори и еден од највлијателните претставници на модерната литература од Каро. Пишува за неколку национални весници и списанија за литература. Овој писател кој создава нов пристап во пишувањето на кратки раскази е креатор и на бедаја работилниците за деца за креативно пишување.
Мохамад Магди Абд Рабо е роден 1986 година. Автор е на три книги поезија и на една драма, добил неколку престижни награди во Египет, а неговиот последен неиздаден проект „THE Horn Blower“ е серија од шест дела кои говорат за постоењето на човештвото, крајот на земјата и креирањето нова земја без војна. Основач е на културното движење „EL-BROVA“ и работи на едукативни проекти поддржани од Министерство за култура на Египет.
На досегашните шест изданија на оваа манифестација, на сцената на роднокрајни поетски средби учествуваа повеќе од педесет автори од Струмица, регионот и пошироко.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
-

Стрелките се враќаат еден час назад: Еве кога започнува зимското сметање на времето
-

35 врвови за 35 години независност: Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена
