Роднините на обвинетите во „Монструм“: Ќе протестираме во петок и ова е еден вид на војна
Бедри Ајдари, роднина на еден од обвинетите во „Монструм" рече дека се незадоволни од пресудата и повика на протест во петок.
Тој во изјава за медиумите пред судот рече дека тоа им е единствен начин за борба и дека ова е еден вид на војна.
„Ова не е правна држава и нема правен систем. Најавувам протести и ги повикувам челниците на државата да протестираат како што ние протестиравме за правниот систем да се регулира. Тоа не се случи и барам од политичките партии кои го поддржуваат чинот, да се повлечат и да се дистанцираат од оваа одлука и тие да ни се придржат. Ќе протестираме во петок и ова е еден вид на војна. Тука сме и ќе се бориме, какви ни се средствата, така ќе дејствуваме", изјави Ајдари по изрекувањето на пресудата.
Според роднините на обвинетите се работи за монтиран случај за кој не биле доставени доволно докази за да се открие вистинската причина за мотивот, но и за нарачателот и извршителите на убиството на „Смилковско“
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
