Родителите во шок: Синот во училиште учи како да стане дилер на дрога

Во денешно време не е лесно своето дете да го изведете на прав пат. Вистинските вредности и се она што е позитивно, тоа треба да ги види пред се во своето најблиско опкружување, фамилијата, а потоа и во училиштето.
Но, дека денес веќе ништо не е како што беше порано покажува и случајот на едно дете од Тексас.
Имено, родителите на ученикот од шесто одделение во Државното училиште во Тексас се пожалиле кај раководството поради домашната задача во која се „објаснува“ како да се стане продавач на дрога.
Скот Пик бил многу изненаден кога ја забележал домашната задача кај својот 11-годишен син во која детално се објаснува ланецот на снабдување со кокаин од картелот (производство) до улицата (продажба).
- Приметив дека на една задача кај мојот син со здебелени букви пишува „кокаин“, изјави шокираниот татко и додаде: се чуствував како на мојот син да му даваат дијаграм како да стане дилер.
Во задачата „Продавање кокаин: Од поле до улица“ како што пренесува Russia Today, меѓу останатото пишува:
- Кокаинот е купен за износ од 50.000 долари, но тој многу лесно може да се подели и да се продаде за 87.000 долаи на улица.
Ново на Сител
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
-

Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5.7 %, а цените на мало за 5.0 %
