Македонија
25. March 2019 - 17:01

Родителите скептични кон Центарот за церебрална парализа во Прилеп

Иако Прилеп веќе 9 месеци има Центар за лица со церебрална парализа, се уште кај дел од родителите на овие деца постои недоверба и скепса за да тие започнат да ги носат своите деца тука. Во Центарот чиј капацитет е околу 25 до 30 лица доѓаат само 15-тина. Каролина Богеска е родител на дете со церебрална парализа. Таа им препорачува на сите родители воопшто да не се двоумат да започнат децата да ги носат во Центарот.

„Предностите се многу позитивни, доаѓа со радост тука, насмеана, исполнета и тоа е многу битно. И јас се чувствувам многу добро кога ќе ја видам насмеана кога ќе се врати дома“, истакна Каролина Богеска, родител на дете со церебрална парализа.

Едукаторите кои работат тука велат дека децата се еудуцираат и се социјализираат по најсовремени програми. Децата од дома до Центарот и назад се превезуваат со специјално возило.

„Овие Центри се многу битни за децата кои не можат да бидат вклучени во редовното образование, поради посериозни прелки од церебралната парализа. Тука имаат целодневен третман, од физикална терапија, социјална згриженост, храна, едукација, хигиенски условии“, исткна Бранка Пројческа, едукатор во Центарот за лиица со церебрална парализа.

Од Центарот за социјална работа, во чиј состав работи Центарот за лица со церебрална парализа велат дека ќе започнеле кампања за поголема промоција на оваа установа кај родителите кои имаат деца со церебрална парализа.

„Проблем е како да создадеме емпатија во средината, како семејствата да ги убедиме дека ова што го правиме е добро за нив. Нас ни требаат колеги, службеници кои ќе ги посетат домовите на оние кои мислиме дека можат да бидта наши штитеници“, кажа Живко Силјаноски, директор на Центра за социјална работа Прилеп.

Ова е втор ваков Центар во Македонија после оној во Скопје.

„Има дечиња кои навистина не сакаат да доѓаат тука, некои немаат можност, но ќе најдеме начин со нашиот персонал да ги натераме да дојдта сите, ако треба и ќе го прошириме овој Центар или ќе изградиме нов ако има потреба“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Денеска со пригодна програма дечињата во Центарот го одбележаа Светскиот ден на лицата со церебрална парализа.