Македонија
30. September 2020 - 16:49

Родителите од Моноспитово на протест - бараат настава со физичко присуство

Родителите од Моноспитово бараат настава со физичко присуство на сите ученици во училиштето Борис Трајковски. Нивното незадоволство од одлуката наставата да ја посетуваат само децата до трето одделение го изразија преку мирен протест. Велат нивното училиште ги задоволувало  сите предвидени критериуми и протоколи и бараат промена на одлуката.

Барањето на родителите го поддржаа и вработените и раководството на училиштето. Директорката вели дека се што било побарано од нив било направено, почнувајќи од просторните услови па се до потребните различни влезови. Фактичката состојба на терен ја констатирале и од државниот просветен инспекторат, но на крај сепак не добиле согласност и тоа без никакво образложение.

Доколку не биде одговорено на барањето и не се смени одлуката родителите од Моноспитово најавуваат продолжување на протестите и во наредните денови.