Родители бараат 1,4 милијарди евра отштета од Тик Ток поради противзаконската злоупотреба на податоци на деца
Илјадници родители во Холандија бараат отштета во име на своите деца од популарната видео платформа ТикТок. Тие бараат вкупно повеќе од 1,4 милијарди евра, објави Холандската асоцијација за истражување на информации за пазарот (СОМИ). Тие наведуваат дека станува збор за повеќе од 64.000 родители.
Причината е што ТикТок собира податоци за малолетници без дозвола за целно рекламирање. Покрај тоа, децата се изложени на опасности преку таканаречени предизвици во кои корисниците на платформата меѓусебно се предизвикуваат да извршат ризични дела.
Според условите за употреба на Тик Ток, на малолетни лица им е потребна согласност од нивните родители / старатели за да ја користат, додека децата на возраст под 13 години не смеат да ја користат апликацијата. Компанијата на својата веб-страница посочува дека корисниците имаат пристап до поставките за приватност, за да можат „да ги изберат поставките што им одговараат“.
Фондацијата СОМИ е непрофитна организација посветена на заштита на основните права на корисниците на интернет услуги, според нивната веб-страница. Тик Ток е интернет платформа во сопственост на кинеската компанија ByteDance. Операторот на платформата претходно објави дека презема мерки за зголемување на безбедноста на младите корисници. Опсервер
Ново на Сител
-

37 санкции во акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот
-

Шест лица загинаа, неколку се повредени во пожар во автобус во Швајцарија
-

Голем ирански напад со ракети и дронови врз Израел и земјите од Заливот
-

Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода
-

Студено утро, во текот на денот сончево и топло до 20 степени
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
