-->
-->
Родени сте во Југославија? Овој текст ќе расплака
-->

Еден ју- носталгичар прави паралела како изгледало детствотот во СФРЈ, а како денес. Тие што живееле во тоа време ќе се присетат, а оние кои не биле родени тогаш ќе дознаат.
-Прво, преживувавме и родени сме нормално, иако нашите мајки кога ги болеше глава пиеја аспирини и јадеа храна од конзерва,до крајот на бременоста, никогаш не се тестирани за дијабетис. Во тоа време „чувајте вон дофат на деца „ не постоеше испишано на шишенцата од лекарства. Ние кога имавме 10 години не носевме памперси туку мочкавме во крвет...Како деца се возевме во автомобил, без појас и сигурносни перничиња, не моравме да носиме кацига додека возиме велосипед или ролери- пишува во писмото.
- Пиевме вода од црево кое служи за полевање во градината, а не од некое скапо шише со цевка купено во огрмоните трговски центри. Делевме едно шише сок со другарите па никој не умре, поради тоа. Јадевме млечен слаболед, бел леб и путер, пиевме коктели кои беа полни со шеќер, но немавме дебели деца зошто се игравме по цел ден надвор. Излегувавме од дома наутро и по цел ден игравме, криенка, граница, крадци и полицајци, каобојци и индијанци, плочка и што уште не, се додека не се запалат уличнте светилки и мајките ќе викнеа по нас- пишал корисникот.
Во писмото наведува дека во тоа време скоро и да не постоеше семејно насилство и скоро никогаш немаше проблеми.
- Поминувавме цели денови правејќи тркачки даски од отпадот кој го имавме во подруми, се спуштавме низ улици, заборавајќи дека не сме направиле кочници, но по неколку падови, скршеници и модринки се учевме како треба. Ние немавме проблеми со хиперактивност и концентрација, не ни даваа таблети против тоа и немавме потреба да разговараме со психолози. Не ни продаваа дрога пред училиште и немавме плеистејшени и немавме телевизија со 90 канали. Немавме интернет, кабловска мобилни и замислени пријатели, имавме пријатели и по цел ден си игравме- пишува во писмото.
Нагласува и дека се звонело дирекно на врата кај другарче и се влегувало да се игра без претходна најава.
- Кога ќе западневме во невоља родителите не ни плаќаа кауција, туку често беа построги и од законот. Дали и вие бевте дел од детството во Југославија? - завршува ова писмо кое потсетува многумина како се живееше порано.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми
-

Опожарен стан во Куманово
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
