Фудбал
4. October 2019 - 17:29

Роденденска победа на Работнички

Фудбалерите на Работнички ја забележаа и третата победа во домашното првенство откако пред својата публика ја совладаа Ренова, минимално со 1-0. 

Единствениот погодок во 58м беше постигнат по нафрлување од прекин а всушност беше автогол на Мишковски. 
Во 80м. фаулиран беше Петковски но пеналот за Работнички не успеа да го реализира Марковиќ кој биеше само во пречката.