Рочиштето за „Сопот“ одложено за 18 октомври

Судското рочиште за предметот „Сопот“ во кој 10 лица се обвинети за тероризам, денеска е презакажано за 18 октомври.
Одложувањето е направено по барање на одбраната поради промена на судиите во кривичниот совет и поради фактот што Специјалното јавно обвинителство го застапува обвинението.
Адвокатот Вулнет Пачуку од судијката Дијана Груевска-Илиевска побарал повеќе време за подготовка на одбраната.
- Мора да се изведат сите докази во целост, да се даде од почеток одбрана, со цел концентрација на сите докази, да бидат сослушани сите досега веќе сослушани сведоци. Очекуваме дека текот на постапката ќе се одвива многу побрзо и дека конечно ќе се заврши оваа постапка, изјави Пачуку.
По предлог на судијката на следното рочиште треба да бидат сослушани сведоците за да се забрза постапката.
Ова е трето одложување на судењето, откако СЈО го презема предметот во своја надлежност.
Во случајот „Сопот“ обвинети се 10 лица за смртта на двајца полски војници и еден македонски државјанин кои загинаа во 2003 година кога теренско возило на НАТО нагази на мина.
Ново на Сител
-

Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар „Гевгелија“ и натпатникот на улица „Железничка“ во Гевгелија
-

Брижит Бардо ќе биде погребана покрај море
-

Две четиричасовни блокади на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони
-

Повеќе скопски општини без струја и вода поради плански зафати
-

Во Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени
-

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала
-

Потпишување договор за заем за обнова на возен парк на ЖРСМ Транспорт
-

Грушко: Русија гледа британско влијание во „најновите провокации“ на Украина
