Живот
18. December 2018 - 22:47

Робин Худ од Хонг Конг си го одржа ветувањето кон сиромашните: Вети дека пари ќе паѓаат од небо и тоа го направи

Дожд од пари почна наеднаш да паѓа во саботата попладне во сиромашната област Шам Шуи По во Хонг Конг.

Не постои објаснување зошто од небо почнаа да паѓаат банкноти од 100 хонгконгшки долари (околу 11 евра). Кога го видоа тоа, изненадените и весели граѓани почнаа да ги собираат парите, а некои се качуваа и по покривите од автомобилите за да соберат повеќе.

Меѓутоа, наскоро стигна полицијата и им ја расипа забавата барајчи сите да го предадат тоа што го собрале, а се работи за вкупно 566 евра.

Истрага нема да има, како ни потрага по оној на кој му припаѓаат парите зошто немало никаква штета. Пред „дождот од пари“, преку Фејсбук се обрати човек кој го најави овој настан.

„Дали некој верува дека пари може да паѓаат од небо“, рече меѓудругото мажот, по што парите почнаа да паѓаат на тлото.

Во описот на видеото де наведува дека доброчинителот е „суперхерој“ кој ограбувал богати за да им помага на сиромашните. Се верува дека мажот е сопственик на компанија која промовира трговија со дигитални добра преку интернет.