Роаминг како дома – видео во пресрет на договорот за пониски цени во регионот
Граѓаните на Западен Балкан, луѓе од бизнисот, патници, студенти, млади…сите се едногласни и се радуваат кога е во прашање намалување на цените на роамингот во регионот, соопшти Регионалниoт совет за соработка (РСС) кој изврши блиц анкета на оваа тема, презентирајќи го денеска видеото со одговорите од луѓето од Сараево, Белград, Тирана, Подгорица, Скопје и Приштина.
Видеото и заклучокот се објавени непосредно пред Дигиталнит Самит на Западен Балкан во Белград на 4 и 5 месецов, каде што се најавува и потпишување на Договор за намалување на роамингот помеѓу земјите од Западен Балкан. Владата на Северна Македонија пред две недели го овласти ресорниот министер Дамјан Манчевски да го потпише договорот.
Вториот Дигитален Самит ќе го отворат спрската премирка Ана Брнабиќ, генералната секретарка на РСС Мајлинд Брегу и еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам