РКЕ: Ново поскапување на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,30 % во однос на одлуката од 3.06.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,179%, кај дизелот за 1,697%, кај екстра лесното масло за 1,673% и кај мазутот зголемувањето е за 0,482%.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,868 ден/кг и сега ќе изнесува 55,508 ден/кг.
Од 7.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 110,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 112,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 102,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,009%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, се вели во соопштението на РКЕ.
Ново на Сител
-
Претседателот на Олимпијакос обвинет за поттикнување насилство во спортот
-
Мастурбирањето е половина машко здравје | Д-р Дејан Огненовиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 072
-
Пронајдени црните кутии во урнатиот товарен авион на ДХЛ кај аеродромот во Вилнус
-
Сиљановска Давкова и Филипче разговарале за политичките и безбедносните состојби и деблокадата на евроинтеграциите
-
Република Северна Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра