-->
-->
РК „Борец“ од Велес со две нови засилувања
-->

РК „Борец“ од Велес кој од минатата сезона игра во Супер лигата за следната сезона се засили со двајца ракометари Миле Ордев кој игра на позиција лев бек и Ивица Илиев на позиција среден бек. Тие двајцата минатата сезона играа за супер лигашот од Радовиш ,а сега се враќаат во својот матичен клуб.
Како што изјави за МИА тренерот на клубот Васко Василев, во првата сезона остварена била целта за опстанок во најквалитетото друштво во Супер лигата.
- За следната година очекуваме со напорна работа да бидеме во средината на табелата. Најголем дел од екипата е составена од велешки ракометари, што е и наша цел како клуб, да им дадена шанса да талентираните млади ракометари од градот, потенцира Василев.
Ивица Илиев изјави дека му е задоволство што се враќа во матичниот клуб од каде ја започнал кариерата.
- Задоволство ми е што се вратив во матичниот клуб, каде ја започнав кариерата. Кога заминав за жал РК „Борец“ не беше во добра состојба, а сега е многу подобро и со играчи и финансиски со подршка од општина Велес. Со мојата и поддршката на Ордев и со заедничка игра на целата екипа се надевам дека ќе даде подобри резултати за нашиот градски клуб, кој порано беше гордост на Велес и Македонија, потенцира Илиев.
Од раководниот тим на РК „Борец“ најавуваат и нови засилувања. Се преговара за продолжување на договорот со голманот Стојановски, а од екипата во битолски „Пелистер“ замина бекот Ивица Лазаревски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Актерството ме научи дека можам да успеам во секоја улога | Марија Јанчевска | Sitel Podcast 145
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција
-

Боко Харам уби 23 војници во Чад
-

Трамп: Иран нема никакви шанси
-

Иран ги обвини САД за убиство на пет цивили во два трговски брода во Ормуската Теснина
-

Сиљановска-Давкова: Да го чуваме македонскиот јазик, да го браниме од негирања, оти без него не сме тие кои сме, ниту ќе останеме свои
-

Во Собранието завршија интервјуата на петте кандидати за член на ДКСК
-

23-годишник од тетовско се сретнал со шест лица за да расчистат недоразбирање, наместо тоа, почнал да пука кон нив
