Фудбал
20. March 2023 - 19:54

Ристовски и Адеми му се приклучија на националниот тим

Фудбалската репрезентација на Македонија речиси со најсилниот состав ќе и се спротистави на селекцијата на Малта на стартот на новите европски квалификации.
На експедицијата во хотелот Хилтон и се приклучија денеска ѕвездите на Динамо Загреб , Аријан Адеми и Стефан Ристовски кои вчера имаа настап во првата хрватска лига,. Токму Стефан Ристовски го постигна голот кој го реши мечот со Ријека во корист на неговиот тим. 
Искусните интернационалци беа пречекани од првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини,  селекторот Благоја Милевски и спортскиот директор на репрезентацијата, Дени Масев.
 
Да потсетиме Македонија ја очекува пресметка со Малта (23 март) во квалификациите за ЕП, а потоа на 27 играме и пријателска средба со Фарски Острови