-->
-->
Ристевска: Да се почитува интегритетот на СЈО и презумцијата на невиност
-->
Апел за побрзо расчистување на случајот „Рекет“, но и почитување на пресумцијата на невиност побара денеска специјалната обвинителка Ленче Ристевска, на прес-конференција, што ја свика СЈО откако вчера Јавното обвинителство го отвори случајот, беше одреден притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, а претходно Катица Јанева поднесе оставка, и заради исрагата и беше одземен мобилниот телефон.– Стоиме зад работата што досега е завршена, ве уверувам дека сите предмети по кои се постапува се професионално водени и не се загрозени постапките. Наш примарен интерес е зачувување на интегритетот на СЈО и секогаш сме постапувале на ниво на задачата за справување со криминалот. Внимантелно го следиме сите случувања и сме подеднакво загрижени, но истовремено повикуваме да се почитува презумцијата на невиност. Сите ве уверувам дека дејствијата на поединци не ги отсликуваат сите во СЈО и не смее да ги доведат под прашање интегритетот и постапките кои се видени досега, истакна Ристевска.
Посочи дека зборува во име на сите обвинители и целиот истражителски тим на СЈО. Ристевска не даде директни одговори на прашањата поврзани со Јанева, нагласувајќи дека има активна истрага и оти Обвинителството за организиран криминал и корупција е надлежно за овој случај.
Таа лично ниту денеска ниту вчера не се сретнала со Јанева, а за нејзината оставка обвинителите во СЈО дознале кога било објавено во јавноста.а
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
