Ристески: Во Точила инвестиравме над 10 милиони евра, низа проекти и во новата програма
Актуелниот градоначалник на општина Прилеп и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за истата функција, Марјан Ристески денес ги презентираше досега реализираните проекти во Точила и она што планира да го реализира во следниот мандат.
-Завршена е изградба на еден од најголемите паркови во Македонија, парк Точила 1, кој се простира на површина од 30.000 м2. Се уреди паркот Точила 2, а моментално се доуредуваат зелените површини кои се наоѓаат околу зградите во близина на ООУ „Блаже Конески“. Се реконструираше ООУ „Блаже Конески“ за што се инвестираа 38 милиони денари. Се реконструираше СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ за што се инвестираа 68 милиони денари. Се изградија две спортски сали, балон сала во ООУ „Блаже Конески“ и сала од голем обем со трибини во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Значително се подобри осветлувањето во населбата. Изградена е мрежа за јавно осветлување на ул. „Самоилова“ во должина од 500 м, поставување на 10 метарни столбови и промена на сите стари светилки со нови енергетски ефикасни светилки, со што потрошувачката на електрична енергија е намалена за над 50 проценти. Се изгради зграда со 76 стана за социјално ранливи категории на граѓани. Хортикултурно се уреди средишниот простор на главната улица во населбата како и другите жардинерии. По скоро 100 години се изгради една од најубавите цркви во Македонија, црквата Св. Петка. Во куќите кои се наоѓаат во близина на зградите асфалтирани се голем број на улици, изградени се нови тротоари, а исто така изградени се нови водоводни и канализациони системи. Населбата Точила за прв пат се поврза со јавен градски превоз со останатиот дел на градот. Се изгради пазар, потенцира Ристески.
Со овие проекти, во Точила досега се инвестирани над 10 милиони евра.
Низа проекти за ова населено место има и во програмата на Ристески со која ја бара довербата на претстојните избори.
-Изградба на нова градинка со капацитет за 400 деца, изградба на нов плоштад околу црквата Св. Петка и изградба на административна зграда за потребите на свештениците и граѓаните. Изградба на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ и уредување на дворот во училиштето, уредување на парковските површини околу т.н. К згради, кои се наоѓаат над црквата Св. Петка. Ќе се поставуваат нови енергетски ефикасни светилки, а се планира и изградба на енергетски ефикасни фасади на ООУ „Блаже Конески“ и СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Ќе се уредуваат надворешните спортски игралишта во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Ќе се изградат нови автобуски постојки и ќе се набават нови автобуси за јавниот градски превоз, се планира да бидат засадени 5.000 дрвја на тротоарните и парковски површини. Субвенционирање на влезните врати со домофони во зградите, во соработка со советите на станбените објекти. Асфалтирање на улицата позади црквата Св. Петка и кај зградите К, продажба на локација за изградба на мини трговски центар. Пазарот ќе прерасне во пазар за продажба на органска храна, а ќе се дополни и со дел за продажба на цвеќиња, истакна кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески.
Ново на Сител
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството
-
Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници
-
Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство