-->
-->
Рио 2016: Русија ќе има 271 спортист на Олимписките игри
-->

Претседателот на Олимпискиот комитет на Русија Александар Жуков, изјави дека вкупната бројка на руски спортисти кои ќе настапа на 32-те Олимписките игри во Рио де Женеиро ќе изнесува 271 натпреварувачи.
Изјавата на Жуков уследи откако претходно претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах изјави сеуште не се знае колку спортски ќе ја претставуваат Русија на ЛОИ.
„Во повеќето спортови е дозволено да настапуваат комплетни и да се натпреваруваат", изјави Жуков.
Според првичните најави рускиот тим требаше да брои 387 спортисти, откако ИОК во средината на јули, упати повик до спортските спортски федерации тие да одобрат листа на руски спортисти на кои ќе им дозволат учество на игрите, откако претходно Светската антидопинг агенција (ВАДА) заклучи дека во Русија се вршел систематски допинг.
тогаш овие листи се предадени на трипартитното комисија на МОК, која потоа ја донесе конечната одлука извршување на руските спортисти во Рио.
Руските спортисти кои беа суспендирани, некои поединечно, а некои заедно тимски, поднесоа 11 жалби до Судот за спортска арбитража.
Според агенцијата „Франс прес“, уште 14 руски спортисти во последен момент може да добијат дозвола за учество на игрите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ
-

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила
-

Трамп ја поздрави одлуката на МОК за забрана на трансродови жени во женска конкуренција на ОИ
-

Советот на јавни обвинители не избра нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје
-

Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид
-

Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда
-

Иран им забрани на спортските тимови патувања во „непријателски“ земји
-

Кога довербата и грижата растат заедно со децата - Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село
