Рикер за Сител: Договорот од Преспа беше визионерски и беше нешто за кое САД многу се гордееја

Помошник државниот секретар на САД Филип Рикер во интервју во Тема на денот на Сител телевизија истакна дека договорот од Преспа беше визионерски, храбар дипломатски напор и резултат од тој напор за кој беше потребно вистинско лидерство и беше нешто за кое САД многу се гордееја.
-Ние се обидовме да ја одиграме нашата улога, да охрабриме и да помогнеме во тој процес кој беше предводен од Северна Македонија и Грција и вашите лидери. Додека го славиме договорот од Преспа за она кое го постигна и навистина се смета за исклучителен документ и пример за модерна дипломатија, рече Рикер.
Смета дека Македонија го цементирала нејзиното место како дел од трансатлансткото семејство и дека нејзината економија расте и се развива.
-Заедно, како што кажа и претседателот Бајден, можеме одговориме на предизвиците вклучувајќи ја и Ковид пандемијата бидејќи треба да видиме економски раст. Иновации кои ќе ја направат економијата поконкурентна, а за тоа ни е потребна безбедност. Секако, НАТО обезбедува безбедност за 30 партнери кои работат заедно под освнов на членот 5 кој гарантира поддршка еден за друг и тоа е огромен напредок. Мислам дека е одлично што сме овде овие неколку дена во Охрид за ПДФ и да разговораме што успеа да го обезбеди договорот од Преспа, што тоа значи, но и да ги видиме лидерите од целиот регион. Од САД, ЕУ, кои се овде да дебатираат и да му дадат дополнителна енергија и правец на регионот. Тоа е многу важно. Затоа секретарот Блинкен сакаше да бидам овде, рече Рикер.
Ново на Сител
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
