Ридско-брзинска трка викендов на Водно
На Водно претојниов викенд ќе биде одржан Меѓународниот ридски натпревар во автомобилизам кој се бодува за FIA CENTRAL EUROPEAN ZONE, Шампионатот на Северна Македонија и за Шампионатот на Србија, соопшти организаторот АКК „КАСТУМ КАР РЕИСИНГ ТИМ“ – Скопје.
В сабота, 20.07.2019, со почеток во 12:00 часот ќе биде одржан неофицијалниот и официјалниот тренинг, а патеката ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај од 9:00 до 17:00 часот.
В недела, 21.07.2019 година, од 12:00 часот ќе се одржи натпреварот (прва и втора трка). Патеката ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 9:00 се до 17:00 часот.
Од 9:00 до 17:00 часот абрана за сообраќај ќе има и на потегот од ул. „Тасино чешмиче“ до хотел „Средно Водно“ и обратно.
Патеката се наоѓа на патниот правец со старт од кај стар хотел „Водно“ и цел на 3.500 метри кон Средно Водно, која е приспособена за ваков вид на натпревари.
Организаторите апелираат до граѓаните на Скопје на разбирање и поддршка за успешно одржување на трката.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица