Ридли Скот објасни како го заменил Кевин Спејси
Поради скандалите со сексуално вознемирување што периодов го следеа Кевин Спејси, режисерот на „All The Money In The World”, Ридли Скот реши да „го исфрли“ актерот, односно да пресними вкупно 22 сцени од филмот.
- Јас сум како светлината. Секогаш ги знам наредните два чекора. Просто е... Ако знаеш што правиш, нема да ти требаат 19 обиди (за една сцена), изјави Скот.
Во последната верзија од филмот, на само шест недели пред премиерата Спејси е заменет со Кристофер Пламер. Тој пак, за таа улога доби номинација за Златен глобус за најдоба споредна улога.
Критичарите се задоволни од овој потег. Томас Ротман го оценува новиот режисерско-актерски тандем, како „двајца ветерани што растураат на сцената“.
- Смената беше фантастична. Изведбата на Спејси беше постудена, додека пак, Кристофер има огромен шарм - насмевка и сјај во очите што го прават овој студено логичен лик дури и поморничав, додава режисерот.
„All The Money In The World” својата премиера ќе ја има в понеделник, на 25 декември.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори во Австралија
-
Тројца со насилство барале малолетник да влезе во казино, поведена постапка
-
Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија
-
Притвор за осомничен кој подметнал пожар на два имотa на поранешната сопруга
-
Елмас изнуди пенал и го спаси Торино од пораз против Венеција
-
Во Белград комеморативни собири по повод две години од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“
-
Хјустон го победи Голден Стејт и израмни во плејофот во НБА
-
Јанта Волеј нов македонски одбојкарски шампион