-->
-->
Рид од карпи се сруши на патот Кочани – Македонска Каменица – Делчево
-->
Цел рид од карпи се сруши на патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево во близина на село Истибања, кај местото „Саваро“ со што целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево. Според информациите од вработени во Македонија пат теренот е незбезбеден, камења се рушат на секои 5 минути и затоа возилата се пренасочуваат преку алтернативни сообраќајници.-Свлечиштето започнало да се руши околу 11 часот. Во тоа време имало само една цистерна која поминувала по патот, но кога видела дека паѓаат огромни камења возачот го запрел возилото. За среќа нема повредени. Од безбедносни причини патот е затворен за сообраќај, информираат од подружницата на ЈП „Македонија пат“ во Кочани.
На терен се наоѓа и државниот инспектор за сообраќај и патишта кој врши увид на местото и со дополнителни информации се најавуваат во текот на денов.
Од Македонија пат најавуваат дека во наредните два-три дена патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево ќе биде затворен за сообраќај, бидејки ќе биде потребно минирање на останатиот дел од свлечиштето, а дополнително ќе следи и расчистување на теренот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
